Дигитализација


Дигитализацијата на документи или позната како оптичко препознавање на карактери (OCR – Optical Character Recognition) е еден од клучните предизвици поврзани со конверзија на документи и претставува мост помеѓу информациите на хартија и дигиталните информации.
За Вашата компанија да го задржи чекорот со светските трендови и технологии во областа на управување со информации и размена на документи Неоком ви нуди решение за дигитализација базирано на ABBYY софтверските производите и Fujitsu скенери за документи.
Главните придобивки од дигитализација на документи се:
- Зголемена ефикасност на процесот на работа со документи,
- Брз и лесен пристап до документи и информации од било каде,
- Споделување на документи во рамки на целата компанија,
- Заштеда на време и трошоци за рачна обработка на податоци,
- Безбедно чување на документи со брз пристап,
- Спречување на загуба на документите
Нашите стручни лица ќе Ви помогнат во дизајн и имплементација на најефективното решение за дигитализација вклучувајќи:
- Анализа на потребата за скенирање на документи и понатамошна обработка,
- Набавка на професионални скенери и програми за скенирање и обработка на документи,
- Имплементирање на решенија за скенирање базирани на Вашите потреби и на потребите на Вашите клиенти,
- Обележување на документите со електронски потпис и оптичко архивирање,
- Анализа на податоци од структурирани и неструктурирани хартиени документи со примена на OCR, ICR, OMR, баркод техники на оптичко препознавање,
- Пренос на скенираните и дигитализираните податоци кон други софтверски апликации (ERP, CRM, и сл.),
- Понуда на процесот на скенирање и архивирање на дигиталните податоци како надворешна услуга (Outsourcing).